Белградското обвинителство ќе покрене обвинение против поранешни владини функционери

09/05/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Обвинителството планира да покрене обвинение против поранешниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, и Ангел Александров, поранешен директор на истражните судии, следната недела, објави весникот Труд во петокот (9-ти мај). Според извори на обвинителството, Петков ќе биде обвинет за ненамерно откривање доверливи информации, казниво со парична казна или затворска казна во траење до пет години. Тој го обелодени идентитетот на агентот на тајната полиција во национален медиум. Според законот, парламентот мора да се согласи за какво било судење против Петков поради неговиот имунитет како пратеник. Во Бугарија министрите ги зачувуваат своите пратенички места ако ја напуштат владата. Александров, најверојатно, ќе се соочи со кривично обвинение за злоупотреба на функцијата за наводно одржување контакти со мафијата.

Според извештаите на локалните медиуми осудувањето на кој било од функционерите ќе биде силен сигнал до Европската комисија дека локалните власти работат на борбата против корупцијата и организираниот криминал. (Tруд, бТВ, БНР, Нетинфо - 09/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading