09/05/2008
ХАГ, Холандија -- Рочиштата во судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и поранешниот припадник на безбедносните сили Јохан Тарчуловски завршија во четвртокот (8-ми мај) во Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства. Како невообичаен потег, двајцата обвинети побараа да се обратат пред судот, заблагодарувајќи им се на учесниците за нивната правичност и барајќи од судиите да ги ослободат од сите обвиненија. Бошковски и Тарчуловски се обвинети за воени злосторства извршени врз етничките Албанци за време на дводневната полициска рација во селото Љуботен во август 2001 година.
Исто така во четвртокот, Трибуналот објави дека судскиот процес против Момчило Перишиќ, поранешен началник на Генералштабот на Југословенската армија, започнува на 24-ти јули. Тој ќе биде суден за воени злосторства и злосторства против човештвото. (Maкфакс, А1 ТВ, Фокус, Фена - 08/05/08)