Полициските началници од Југоисточна Европа се состанаа во Сараево

09/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Здружението на полициски началници од Југоисточна Европа (СЕПЦА) во петокот (9-ти мај) го заврши дводневниот семинар во Сараево, во врска со борбата против организираниот криминал. Бригадниот генерал Винченцо Копола, шеф на Полициската мисија на ЕУ во БиХ (ЕУПМ), на учесниците им рече дека успехот зависи од постојаните напори. Тој даде два предлози со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал -- подобрување на координацијата помеѓу различните политички агенции и воспоставување подобар систем за комуникација и соработка помеѓу полицијата и обвинителството. На семинарот присуствуваа претставници од Бугарија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Романија и Србија и од некои меѓународни организации. (Дневни аваз - 09/05/08; Фена - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading