Полицијата на РС повторно спроведе рација во домовите на осомничените помошници на Караџиќ

09/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Полицијата на Република Српска (РС) рано во четвртокот (8-ми мај) изврши уште еден круг рации во домовите на осомничените поддржувачи на бегалецот обвинет за воени злосторства, Радован Караџиќ. Полицијата ги претресе домовите на Бориса Баричанин и Душко Михајловиќ во градот Пале, источно од Сараево. Двајцата беа телохранители на Караџиќ за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Полицијата бараше материјали или други информации за тоа каде се наоѓа тој. Тој е во бегство уште од 1995 година, кога Трибуналот на ОН за воени злосторства го обвини за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства. (Дневни аваз, Независне новинe - 09/05/08; РТРС, ПБС, Фена, АП - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading