Локалните избори во БиХ закажани за 5-ти октомври

09/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот (8-ми мај) објави дека БиХ ќе одржи локални избори на 5-ти октомври. Гласачите ќе избираат нови општински совети и општински градоначалници, како и нови собранија на Брчко и Бања Лука и нов градски совет во Мостар. Ова ќе бидат првите избори во кои претставници на националните малцинства ќе бидат избрани во локалните собранија. Сите партии и независни кандидати имаат рок до 23-ти мај за да се регистрираат пред ЦИК. Партиските или коалициските листи мора да се поднесат до 25-ти јуни.

Во средата парламентот го одобри контроверзниот амандман на изборниот закон кој овозможува сите поранешни жители на Сребреница да гласаат во октомври. Во четвртокот Клифорд Бонд, специјалниот претставник на ОХР во Сребреница, ги повика партиите да прекинат со шпекулациите за истиот. Некои велат дека амандманот е прв чекор кон доделувањето специјален статус на Сребреница, надвор од јурисдикцијата на Република Српска. Силите на босанските Срби масакрираа 8.000 муслимански мажи и момчиња во јули 1995 година. (Дневни аваз, Независне новинe - 09/05/08; РТРС, ПБС, Фена - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading