09/05/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската комисија (ЕК), Мајкл Ли, во четвртокот (8-ми мај) му го предаде патоказот на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, за либерализација на визниот режим на Македонија со ЕУ. Опишувајќи го како „избалансиран пристап и ... направен по мерка“, Ли рече дека истиот ги идентификува „конкретните мерки што властите мора да ги преземат и ние веруваме дека условите се реални и остварливи“.
Планот ја покрива безбедноста на личните документи, пограничниот менаџмент, нелегалната имиграција и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Заменик-претседателот на ЕК, Жак Баро, го опиша како „уште еден важен чекор кон интеграцијата во ЕУ“. Договорот за олеснување на визниот режим со ЕУ стапи на сила во јануари, а веќе следниот месец Македонија започна технички преговори за целосна либерализација на визниот режим. (Дневни, Утрински весник - 09/05/08; MИА, Макфакс, МРТ - 08/05/08)