EУЛЕКС ќе ги преземе сите надлежности во Косово на 15-ти јуни

08/05/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, во средата (7-ми мај) рече дека ЕУЛЕКС, специјалната полициска и судска мисија на ЕУ во Косово, ќе ги преземе сите соодветни надлежности во поранешната српска покраина на 15-ти јуни, датумот кога во сила ќе влезе уставот на Косово. Фејт го изјави ова по состанокот со шведскиот министер за одбрана, Стен Толгфорс, во Приштина, на кој му се заблагодари на Стокхолм за поддршката на ЕУЛЕКС.

Во меѓувреме, идејата за вклучување на мисијата на ЕУ под закрилата на ОН се чини дека добива на сила помеѓу меѓународните и косовските претставници. Косовските медиуми, цитирајќи неименувани извори од седиштето на ОН во Њујорк, во четвртокот објавија дека ова е единственото решение за избегнување на каков било законски вакуум што би можел да произлезе од распоредувањето на ЕУЛЕКС. Во тек се процедурални дискусии помеѓу Одделот на ОН за мировни операции и Брисел. Приштина, наводно, добила уверување дека овој вид ангажман нема да влијае на сувереноста и функционалноста на Косово. И Србија и Русија, наводно, го поддржуваат ова „хибридно решение“. (Коха Диторе, Зери, Балканвеб - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading