Поранешниот премиер на босанските Срби одби да присуствува на почетокот на судењето за воени злосторства

07/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Судењето за воени злосторства против поранешниот премиер на босанските Срби Гојко Кличковиќ е одложено до четврток (8-ми мај), откако обвинетиот одби да ја напушти својата ќелија и да присуствува на почетокот на судењето во вторникот, велејќи дека неговиот исход е веќе определен. „Моето присуство не е потребно за оваа формалност“, рече Кличковиќ во изјавата за судот. Судијата Зоран Божиќ одлучи да се обиде повторно в четврток, сé додека адвокатите на Кличковиќ се во суд. Тој е највисок член на администрацијата на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, на кого му се суди. Бања Лука го обвини за злоупотреба на службената должност и проневера на пари од буџетот на ентитетот од 1997 до 1998 година, со цел да им помогне на бегалците за воени злосторства. Тој е, исто така, обвинет за поттикнување убиства и депортација на цивили во северозападна Краина од 1990 до 1992 година. (Дневни аваз - 07/05/08; AП, РТРС, Фена, ПБС - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading