EК ја предупреди Бугарија во врска со индустриските дозволи и даноците на дивиденди

07/05/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Европската комисија (ЕК) во вторникот (6-ти мај) објави дека испраќа официјално известување до Бугарија, барајќи повеќе информации за собирањето даноци на дивидендите што ги плаќаат и што им се плаќаат на странските претпријатија што работат во земјата. Овие данови можеби се повисоки од истите за бугарските претпријатија. Сличен чекор е преземен и против Романија. ЕК вели дека повисоките дивидендни даноци за странските претпријатија може да претставуваат кршење на слободното движење на капитал.

Комисијата, исто така, испрати официјално предупредување до Бугарија во врска со нејзиното неиздавање нови или ажурирани дозволи за неколку индустриски инсталации. Според ЕК, Бугарија била должна да издаде нови или ажурирани дозволи за индустриските инсталации до својот пристап во ЕУ на 1-ви јануари 2007 година, во согласност со директивата за интегрирана заштита и контрола од загадување. (БНР, БТА, Софиска новинска агенција, Дневник - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading