ОБСЕ усвои нова терминологија за Косово

07/05/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Мисијата на ОБСЕ во Косово усвои инструкции за терминологијата што ќе се користи по косовското прогласување независност во февруари, објавија во средата (7-ми мај) локалните медиуми. Административните премини на север ќе бидат преименувани во гранични премини, „привремените институции на самоуправа“ ќе бидат нарекувани „косовски институции“ и „еднострано прогласената независност на Косово“ ќе биде заменета со терминот „декларација за независност на косовскиот парламент“.

Официјалните претставници на ОБСЕ негираат дека новата терминологија значи официјално признавање на Косово. „Организацијата ја сочинуваат 56 земји и треба да се биде внимателен да не се згазне на ничија нога. Сакаме да бидеме целосно неутрални“, рече портпаролката Ели Флен.

Во другите вести, Литванија во вторникот ја призна незвисноста на Косово, станувајќи 39-тата земја што го стори тоа. (КиМ Радио - 07/05/08; КохаДиторе, ББС, Политика - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading