Хашките обвинители бараат затворска казна за Бошковски и Тарчуловски

07/05/2008

ХАГ, Холандија -- Обвинителите во Трибуналот на ОН за воени злосторства во вторникот (6-ти мај) побараа казна затвор во траење од 12 години за Македонецот обвинет за воени злосторства Љубе Бошковски и 15 години за другиот обвинет, Јохан Тарчуловски. Двајцата се обвинети за воени злосторства против етничките Албанци за време на дводневната рација во селото Љуботен во август 2001 година. Обвинителите тврдат дека поранешниот министер за внатрешни работи, Бошковски, не ги испитал и не побарал казна за седум убиства, суров третман на 36 етнички Албанци и уништување на 14 куќи. Судењето започна во април 2007 година. (Maкфакс, A1 - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading