Хрватска бара еднакви права за Хрватите во БиХ

07/05/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Министерот за надворешни работи, Гордан Јандроковиќ, вели дека Хрватска сака босанските Хрвати да ги имаат истите уставни права како и другите две националности во Босна и Херцеговина. Тој за бањалучкиот весник „Независне новине“ во вторникот (6-ти мај) изјави дека правата на сите луѓе што живеат во БиХ треба да се загарантираат преку уставните амандмани одобрени како од босанските Срби, така и од босанските муслимани. Тој додаде дека Хрватска потрошила околу 3,5 милиони евра во 2007 година и планира да инвестира повеќе од 4 милиони евра оваа година за да им помогне на босанските Хрвати да се вратат во домовите во кои живееле пред конфликтот во периодот 1992-1995 година.

Изјавата на Јандроковиќ беше одговор на повиците на водачите на босанските Хрвати за измени во босанскиот устав. Тие велат дека сегашниот текст ја маргинализира нивната етничка група, која сочинува околу 15 отсто од населението на БиХ. (Независне новине, ДПА, Javno.com - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading