Албанскиот претседател ги одобри уставните измени

07/05/2008

TИРАНА, Албанија -- И покрај сопствената резервираност, претседателот Бамир Топи во вторникот (6-ти мај) ја одобри серијата уставни измени кои парламентот ги усвои пред две недели. Измените вклучуваат воспоставување регионален, пропорционален систем на гласање и усвојување на систем на просто мнозинство наместо сегашното три-петтинско мнозинство. Владејачката Демократска партија и главната опозициска Социјалистичка партија ги здужија силите за да поминат овие измени, предизвикувајќи остри критики од некои од помалите политички партии.

Во другите вести од вторникот, владата објави дека е решена да им исплати оштета на претпријатијата уништени при опостошувачките експлозии во складиштето за муниција во Гердец на 15-ти март. Премиерот Сали Бериша ги повика сопствениците да ги пополнат потребните формулари за да се одреди дали некој имал деловно осигурување. Исто така, постои нова загриженост дека официјалните проценки на штетата биле надуени во замена за мито, поради што антикорупциските инспектори ќе ја проверуваат работата на тимовите за проценка. (Шекули, ББС, Панорама, Газета шкиптаре, Топ њус - 07/05/08; Балканвеб, Топченал - 06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading