ПНЛ го повика комесарот за правда на ЕУ Фратини да поднесе оставка

06/05/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Романската владејачка Национално-либерална партија (ПНЛ) ги повика членовите на Европскиот парламент да побараат оставка од комесарот за правда на ЕУ, Франко Фратини, поради неговите изјави во врска со имиграцијата. Изјавите на [Фратини] се спротивни на Европската конвенција за човекови права“, рече заменик-претседателот на ПНЛ и министер за одбрана, Теодор Мелескану, во понеделникот (5-ти мај).

Минатиот месец, Фратини го поддржа прегледот на Европската директива за слободно движење помеѓу земјите-членки на ЕУ, велејќи дека слободното движење на граѓани не може да се претвори во слободно движење на криминалци. Тој, исто така, посочи дека странците без минимален приход неопходен за живеење во Италија треба да бидат истерани од земјата, а оние што извршиле криминални дејства во Италија треба да бидат испратени на суд, осудени и депортирани. (Ромпрес, АФП, Медиафакс, Хотњус - 05/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading