Албанските социјалисти ја критикуваат владата за бавниот развој на туризмот

05/05/2008

ТИРАНА, Албанија -- Опозициската Социјалистичка партија (СП) е „загрижена“ поради бавниот развој на туризмот и неговите ниски параметри. СП во неделата (4-ти мај) рече дека во извештајот на Светскиот економски форум Албанија се рангира на 92-рото место од 130 земји со својот туристички развој. Соседна Црна Гора е на 59-тото место, додека Грција е 22-ра.

Во саботата, говорејќи на отворањето на туристичката сезона во Саранда, премиерот Сали Бериша рече дека растот на туризмот во Албанија е еден од најсилните во Европа. „Оваа година очекуваме да го удвоиме овој раст во споредба со минатата година. Туристичкиот развој е главен катализатор за развојот на земјата, како и за нејзиното дистанцирање од минатото“, рече Бериша. (Коха Јоне, Топ-ченал, Балканвеб - 04/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading