УНМИК ги ослободи конфискуваните српски изборни материјали наменети за Косово

04/05/2008

ПРИШТИА, Косово -- Царинските власти на УНМИК во петокот (2-ри мај) го објавија ослободувањето на претходно запленетите српски изборни материјали. Пратката, која требало да се употреби за време на изборите на 11-ти мај, била конфискувана во четвртокот. Истата содржела УВ ламби, гласачки кутии, шишиња со спреј и поделби за гласачки места. УНМИК објави дека материјалите биле запленети бидејќи нивната царинска вредност немала релевантна документација. Координаторот на српската Избирачка комисија, Вељко Одаловиќ, го критикуваше запленувањето како неосновано и без преседан. Тој потврди дека Србите во Косово имаат легитимно право да организираат и избираат локална власт и своите претставници во српската влада. (Taнјуг, Б92, РТРС, СРНА - 03/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading