Турската армија вели дека „голем број“ терористи на ПКК се убиени во операцијата во северен Ирак

30/04/2008

AНКАРА, Турција -- Армијата во вторникот (29-ти април) објави дека убила голем број курдски милитанти во воздушните напади во северен Ирак минатата недела, но не даде точна бројка. Војската вели дека 43 турски авиони учествувале во воздушните напади во петокот и саботата против позициите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во регионите Зап, Авашин и Какурк. Турските сили уништија повеќе од 100 сомнителни бази на ПКК, наводно, користени за планирање на нападите, според соопштението на армијата. (Сабах, Тркиш прес, Заман - 30/04/08; AФП - 29/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading