22/11/2007
СОФИЈА, Бугарија -- Парламентот во средата (21-ви ноември) го одржа првото од двете гласања за буџетот за 2008 година. Помеѓу другото, се воведува рамен данок, повисоки акцизи и повисока минимална плата. Од вкупно 163 пратеници што присуствуваа на седницата, 59 гласаа против владиниот нацрт-закон.
Во обраќањето пред пратениците премиерот Сергеј Станишев рече дека буџетот ќе обезбеди финансиска стабилност, ќе го забрза економскиот раст и ќе ги зголеми приходите. Истиот се заснова на предвидувањата за економски раст од 6 отсто, вишок од повеќе од 3 отсто на БДП, и инфлациска стапка од 6,7 отсто -- цифри кои опозицијата вели дека се премногу оптимистички. (Сега, Стандард, Труд, Монитор, Дневник - 22/11/07; AФП, БНР, БТВ, БТА, Дарик - 21/11/07