Обвинителите на Трибуналот на ОН не се среќни со поканата на НАТО кон Србија за ПзМ

30/11/2006

ХАГ, Холандија -- Главната обвинителка на ОН за воени злосторства, Карла дел Понте, е разочарана што Србија беше поканета за влез во програмата на НАТО Партнерство за мир (ПзМ) за време на самитот во Рига во средата (29-ти ноември), според портпаролот на Дел Понте, Антон Никофоров. Во изјавата за белградското Радио Б92 подоцна тој ден, тој рече дека Трибуналот бил изненаден што й била упатена покана на Србија, иако земјата не ги исполни своите обврски во поглед на воената соработка.

Коментирајќи околу ова прашање, српскиот претседател Борис Тадиќ во средата рече дека приемот во програмата на НАТО ПзМ не значи дека проблемот на соработката со МКТЈ е решен. Тој рече дека Србија мора да го затвори ова поглавје и дека сите обвинети на МКТЈ мора да бидат уапсени и изведени пред лицето на правдата. (Независне новине, Вијести, Побједа, Албански вести, Вечер - 30/11/06; РТС, Б92, Бета, НТВ Хајат, ХИНА, ХРТ, Макфакс - 29/11/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading