Олимпијада: Борачот Сахин освои злато за Турција

20/08/2008

Тесната битка заврши со победа за борачот Рамазан Сахин, кој го додаде првото злато на турската листа на медали. Во меѓувреме, Црна Гора ја победи Хрватска во ватерполо.
photo

Рамазан Сахин од Турција го прославува својот златен медал во борење во слободен стил за мажи до 66 килограми, на Олимпијадата во Пекинг во средата (20-ти август). [Getty Images]

Tурскиот борач Рамазан Сахин имаше настап за злато во борење во слободен стил за мажи до 66 килограми, поразувајќи го Андри Стадник од Украина во тесниот натпревар кој вклучуваше и два тајбрека. Резултатот беше 2:2, 2:1, 2:2. Сахин е светски и европски шампион во оваа категорија. Ова злато е прво за Турција на Игрите во Пекинг. Земјата веќе има два сребрени медали и една бронза. Друг турски бодач, Ахмет Гулхан, изгуби од Бјунг-Кван Чо од Јужна Кореја во осминафиналето до 74 килограми.

***

Црна Гора ја победи Хрватска во четвртфиналето во ватерполо за мажи во средата. Резултатот беше 7:6 (3-1, 2-3, 1-0, 1-2). Никола Јановиќ, Александар Ивовиќ и Владимир Гојковиќ имаа најголем број погодоци од „Црвените ајкули“, со по два гола.

***

Српскиот машки ватерполо тим победи во четвртфиналниот натпревар против Шпанија со 9:5 (0-1, 5-1, 2-1, 2-2). Душко Пијетловиќ постигна четири гола за Србија.

***

Грција го порази домаќинот Кина и го исфрли од борбата за медали во ватерполо за мажи, со 13:8 (3-1, 4-4, 2-0, 4-3). Јоргос Тоскас и Јоргос Афрудакис водеа во постигнати голови на грчката страна, со четири, односно три гола.

***

Хрватскa излезе од кошаркарското првенство за мажи. Таа загуби со 72:59 од шпанскиот тим, предводен од Пол Гасол од Лос Анџелес „Лејкерс“. Марко Баниќ со 15 поени, водеше по бројот на постигнати кошеви на хрватската страна.

***

Бугарскиот машки одбојкарски тим беше поразен од Русија во четвртфиналето. Бугарите изгубија со 1:3 (25-20, 16-25, 22-25, 21-25) и покрај тешкиот напор на Матев Казијски, кој постигна 21 поен.

***

Карин Меј, Јужноафриканката која се натпреварува за Tурција на Олимпијадата во Пекинг, не успеа да се пласира во квалификациите во скок во далечина. Таа постигна резултат 6,42, што ја стави на 25-тото место.

***

Грчкиот борач во слободен стил Емзариос Бентинидис го победи Канаѓанецот Мат Гентри со 3:1 и влезе во четвртфиналето од борбите до 74 килограми. Тој потоа изгуби од Состан Тигиев од Узбекистан со 3:0.

(Разни извори – 20/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading