Шансите за влез на Хрватска во ЕУ во 2010 година бледнеат

29/07/2008

Во строгиот извештај на ЕУ се вели дека, дури и да заврши Хрватска процесот на преговори до крајот на 2009 година, таа нема да може да влезе во Унијата пред 2011 или 2012 година. Во меѓувреме, актуелните случаи на корупција во земјата бараат итно внимание.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 29/07/08

photo

„Хрватските бродоградилишта мора да постигнат ниво на конкурентност и да претрпат некои важни структурни промени за да преживеат во ЕУ“, рече известувачот на Европскиот парламент за Хрватска, Ханес Свобода. [Архива]

Хрватска нема да може да пристапи во ЕУ пред 2011 или 2012 година, иако владата во Загреб сé уште се надева дека ќе ги заврши преговорите со блокот до крајот на 2009 година и ќе стане членка во 2010 година.

Оваа изјава, што ја пренесе известувачот на Европскиот парламент за Хрватска, Ханес Свобода, во Загреб минатата недела, не беше изненадување за набљудувачите: Хрватска не ги заокружува преговорите со посакуваната брзина. Во меѓувреме, ЕУ има и сопствени проблеми, како што е обидот за легализација на уште еден круг проширување, и покрај целосното отфрлање на ирските гласачи на Лисабонскиот договор.

Наштетувајќи му на хрватскиот случај за членство, два неодамнешни случаи на криминал ја обновија загриженоста. Во едниот, истакнат новинар кој го покрива криминалот и корупцијата, репортерот на Jутарњи лист Душан Миљуш, беше претепан пред сопствениот дом во јуни. Неговите напаѓачи и понатаму се на слобода. ЕУ алармираше за случајот бидејќи тој фрла светлина врз заплашувањето на медиумите, како и на институционалните слабости.

Нападот врз Миљуш беше второ вакво кривично дело во два месеци. Во мај Игор Раѓеновиќ, поранешен шеф на загребскиот уличен оддел и отворен критичар на корупцијата, беше физички нападнат. Полицијата уапси двајца осомничени во неговиот случај.

Хрватска има и други проблеми: потребно й е да продолжи со судските реформи и да ја реструктуира својата пропадната бродоградежна индустрија, најголем должник во земјата.

„Хрватските бродоградилишта мора да постигнат ниво на конкурентност и да претрпат некои важни структурни промени за да преживеат во ЕУ“, рече Свобода во Загреб, наведувајќи ги проблемите кои мора да се решат што е можно побргу.

Опозицискиот експерт за ЕУ, заменик-претседателот на парламентот Невен Мимица, не е оптимист за исполнувањето на роковите. Иако владата има амбициозни планови и инсистира на 2009 година како своја цел, Мимица вели дека Хрватска нема да може да ги отвори сите поглавја од преговорите навреме. За да ја оствари таа цел во текот на француското претседателствување со ЕУ, Хрватска ќе мора да отвори 12 поглавја до крајот на годинава, од кои повеќето во есен.

„Досега успеавме да отвориме и затвориме поглавја едно по едно. Сега треба да отвориме 12 од нив до крајот на годинава. Мислам дека математиката не е на наша страна“, рече Мимица.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading