Македонија се бори со реформите во јавната администрација

07/07/2008

Новата влада на премиерот Никола Груевски, која се смета за најагресивно реформистичка влада во Скопје по падот на комунизмот, се соочува со значителен предизвик во подобрувањето на државните служби од времето на комунизмот.

Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 07/07/08

photo

Премиерот Никола Груевски и неговата влада се соочени со сериозниот предизвик да ја реформираат државната администрација. [Getty Images]

Јавната администрација во Македонија не претрпе никакви измени од прогласувањето независност во 1991 година. Стратегијата и програмата за реформа на јавниот сектор за првпат беше покрената во 1999 година, но оттогаш власта стори малку за спроведување на новата стратегија.

Превработеноста е еден нерешен проблем. Моментно, владата брои 128.000 вработени, но според анализите на македонските и меѓународните експерти нема потреба од повеќе од 40.000 вработени, цел која ќе бара намалување на работната сила за скоро 69 отсто.

Во последните 17 години власта во Македонија се промени многупати, но никој не се осмели да го намали бројот на државните службеници, стравувајќи дека ќе ги налути гласачите.

Раширениот недостаток на способности и квалификации претставува уште еден проблем за владата. Голем број државни службеници немаат соодветна компетентност, па дури ни потребните квалификации за своите позиции.

Покрај политичките, економските и административните цели поставени во 1995 година со Копенхашките критериуми за пристапот во ЕУ, земјите-кандидатки мора да исполнат обврска -- континуирана реформа на јавната администрација за да се олесни воспоставувањето демократско општество и пазарна економија.

Со цел Скопје да ги исполни критериумите, мора да се воспостави систем на вреднување што ќе ги наградува квалификациите и искуството. Во моментов, единствен предуслов за вработување во државна служба во Македонија, е да се има „соодветно“ етничко потекло или партиска припадност, кои не гарантираат ниту продуктивност, ниту компетентност. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка постојано советуваат -- залудно -- да не се вршат вработувања на база на партиска припадност.

За таа цел, се формираше Агенцијата за државни службеници (АЦС), со поддршка на УСАИД. Агенцијата е замислена како посредник за вработувањето во државниот сектор. Вработените во АЦС се обучувани од меѓународни експерти да подготвуваат и да ги следат испитите на потенцијалните владини службеници. Исто така, агенцијата добива големи донации за финансирање на компјутерска опрема и обука на државниот сектор.

Сепак, главната пречка за реформата на јавната администрација претставува континуираното непочитување од страна на политичките партии на законот и вклучување на АЦС во владиниот процес на вработување.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading