12/06/2008
Стојан Жупљанин, еден од четворицата преостанати бегалци обвинети за воени злостроства кои сé уште ги бара Трибуналот на ОН, беше уапсен во средата во близина на Белград. Поздравувајќи ја веста, западните претставници ја повикаа Србија да се погрижи и другите тројца да й бидат предадени на правдата.
(Блиц - 12/06/08; Ројтерс, АП, АФП, ДПА, АКИ, ББС, СНН, Бета, Б92, прес-центар на ОН, Канцеларија на високиот претставник, американски Стејт департмент - 11/06/08)
![]() Специјалната полиција на Република Српска чува стража за време на претресот во домот на родителите на бегалецот осомничен за воени злосторства Стојан Жупљанин во Бања Лука во април. Полицијата го уапси Жупљанин во средата (11-ти јуни). [Getty Images] |
Српските власти во средата (11-ти јуни) го пофалија фаќањето на клучниот бегалец кој го бараше Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) од 1999 година.
Поранешниот полициски командант на босанските Срби Стојан Жупљанин (56), еден од четворицата преостанати бегалци обвинети за воени злосторства од страна на Трибуналот на ОН, беше уапсен од страна на српската полиција и безбедносните агенди во стан во Панчево, град во близина на Белград. Осомничениот, кој за малку избегна апсење во Ниш пред околу два месеци, бил вооружен, но не дал отпор, според изјавата на властите.
Портпаролот на обвинителството на српскиот специјален суд за воени злосторства, Жупљанин ќе биде префрлен во Хаг во рок од 72 часа.
Кога бил донесен пред истражен судија, тој негирал дека е лицето што го бара МКТЈ и предал документи кои го идентификувале како Бранислав Вукадин од северскиот српски град Бачка Паланка. Сепак, ДНК тестот потврдил дека тоа е Жупљанин.
Српските власти велат дека апсењето покажува оти Белград прави сé што може да ги исполни своите обврски кон Трибуналот на ОН.
„Ова апсење јасно покажува дека ние сериозно соработуваме [со МКТЈ] и дека постои политичка волја за целосна соработка“, рече специјалниот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, кој ја координираше операцијата, за белградски Б92.
МКТЈ го издаде своето првично обвинение против поранешниот командант на Регионалниот центар на безбедносните служби во Бања Лука во декември 1999 година, но го чуваше затворено во текот на следните 19 месеци. Првичните обвиненија за генодиц и соучество во геноцид не беа повторени во второто, изменето обвинение против Жупљанин во октомври 2004 година. Тој сега се соочува со вкупно 12 точки од обвинението за злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војувањето за својата наводна вмешаност во редица злосторства извршени врз несрпското население во раната фаза од конфликтот во периодот 1992-1995 година во Босна и Херцеговина (БиХ).
Жупљанин, според наводите на обвинителите на ОН, учествувал во заеднички криминални дејства, чија цел била „елиминирање и перманентно отстранување, со сила или други средства, на босанските муслимани и босанските Хрвати од територијатија“ на самопрогласениот Автономен регион Краина.
Западните власти го поздравија апсењето, кое шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, го нарече „добра вест“.
„Судењето апсењето и носењето на луѓето пред еден меѓународен трибунал, и спроведување фер судење, е нешто што е од корист за сите“, АФП ја цитираше неговата изјава.
Целосната соработка со МКТЈ претставува клучен услов за понатамошниот напредок на Србија по патот кон пристапувањето во ЕУ. Сé уште се бараат од страна на Хашкиот трибунал: политичкиот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, неговиот воен командант, Ратко Младиќ, и бунтовничкиот водач на хрватските Срби Горан Хаџиќ.
Поздравувајќи ги апсењето на Жупљанин, комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, рече дека тоа претставува „важен чекор кон целосната соработка на Србија со Хашкиот трибунал, што е од клучна важност за да се донесе правда и трајно помирување на Балканот.
Претставници на МКТЈ и САД, исто така, го поздравија апсењето и повикаа на изведување пред лицето на правдата и на преостанатите осомничени.
„Неговото апсење претставува уште еден позитивен чекор кон гарантирањето дека одговорните за воените злосторства извршени во поранешна Југославија, ќе сносат одговорност“, рече портпаролот на Стејт департментот, Гонзало Галегос.
Минатата недела главниот обвинител на ОН, Серж Брамерц, му рече на Советот за безбедност на ОН дека бегалците што сé уште ги бара Хаг се „на дофат на српските власти“.
„Ние се надеваме дека наскоро и другите ќе завршат во Хаг“, рече портпаролката на обвинителството на МКТЈ, Олга Кавран, во средата.
Таа за новинарите изјави дека „за ден-два“ по неговото префрлање во Хаг, Жупљанин „ќе се појави за првпат пред судиите и тогаш ќе има можност да се изјасни“.
Во БиХ бошњачкиот член на трипартитното претседателство на земјата, Харис Силајџиќ, го пофали апсењето од средата како „чекор во вистинската насока“, додека високиот претставник Мирослав Лајчак вети дека „притисокот врз мрежата на поддршка на бегалците ќе продолжи“.
Српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ, пак, изрази надеж дека апсењето на Жупљанин ќе докаже оти Србија прави сé што е во нејзина моќ за да ги исполни своите меѓународни обврски и ќе го овозможи ратификувањето на неговиот Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Но, холандската влада посочи дека нема да го поднесе договорот до парламентот за ратификување сé додека другите клучние бегалци обвинети за воени злосторства се наоѓаат на слобода.
„Најдобар доказ за целосната соработка со Трибуналот ќе биде апсењето и екстрадицијата на Ратко Младиќ“, белградски Б92 го цитираше Рон ван Дартел, холандскиот амбасадор во Србија.