Според еден извештај, регионалната интеграција би можела да помогне во пристапувањето во ЕУ

11/06/2008

За земјите од Западен Балкан, подлабоката регионална интеграција претставува отскочна штица за целта членство во ЕУ, се вели во извештајот на Светската банка од вторникот.

(MИА - 11/06/08; Светска банка - 10/06/08)

photo

„Силната економска оправданост за подлабока интеграција во рамките на Западен Балкан дадена во извештајот ќе помогне да се мотивира подобрувањето на регионална стабилност“, вели Сањау Катурија, водечки економист на Светската банка и главен автор на извештајот. [Светска банка]

Земјите од Западен Балкан може да постигнат побрз напредок кон пристапувањето во ЕУ преку продлабочување на регионалната соработка, се вели во извештајот на Светската банка објавен во вторникот (10-ти јуни).

Со оглед на географската и културната близина и другите конкретни карактеристики, земјите од Западен Балкан се особено погодни за регионална интеграција, вели банката.

Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија се во различни фази од својот процес на интеграција во ЕУ. Хрватска ги започна своите преговори за членство со Унијата во 2005 година и би можела да стане 28-мата полноправна членка во 2010 година. Македонија, која е исто така официјална земја-кандидатка за членство во ЕУ, се надева дека ќе добие датум за своите разговори за пристапување до крајот на оваа година.

Албанија, Црна Гора и Србија ги потпишаа договорите за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Унијата, правејќи прв чекор кон членството. ДСА на Босна и Херцеговина (БиХ) очекува потпишување на 16-ти јуни, додека Косово се очекува да го започне процесот во очекување на решението за прашањата на својот статус.

Според Светската банка, земјите од Западен Балкан треба да продолжат со регионалната интеграција највеќе заради тоа што за повеќето од нив, пристапувањето е сé уште многу далеку.

„Во меѓувреме, регионалната интеграција може да помогне во обезбедувањето странски директни инвестиции (СДИ) и извозот, со што ќе ги подобри одржливите изгледи за раст“, се вели во извештајот. „Исто така, со оглед на тоа што поголем дел од процесот на регионална интеграција најдобро се остварува со унапредување на усвојувањето на соодветниот аквис на ЕУ, тоа може да помогне за намалување на временското одолговлекување на пристапот.“

Сите земји од Западен Балкан се потписнички на договорот ЦЕФТА за 2006 година, кој ја либерализира регионалната трговија. Но, нивните трговски односи со ЕУ се управувани со договорите за стабилизација и асоцијација, за оние што потпишале ваков договор.

За земјите што сé уште не го комплетирале овој чекор, ЕУ додели опсежни трговски концесии преку, како што ги нарече, „автономни трговски мерки до 2010 година“.

Подлабоката интеграција во рамките на земјите на ЦЕФТА, вклучително и воспоставувањето единствен менаџмент на прекуграничните премини, ќе придонесе за развој на поширок пазар и подобрен квалитет на услугите и со тоа ќе помогне во привлекувањето на многу потребните странски директни инвестиции во регионот, вели банката.

Сите земји од Западен Балкан, освен Македонија, се соочуваат со годишни стапки на раст во текот на изминатава деценија повисоки од 5 отсто, истакнува банката, додавајќи дека дури и стапките на раст на Македонија се интензивирале од 2003 година наваму.

Но, регионот сега се соочува со предизвиците да го промени меѓународното и домашното опкружување, со помалку трговски повластувања и зголемена извозна конкурентност.

„Со цел да се намалата сé уште високите стапки на сиромаштија и да се работи на пристапувањето кон ЕУ, земјите од Западен Балкан мора да се подобрат -- а потоа и да ги одржат -- остварувањата на својот економски раст“, се вели во извештајот.

Помеѓу другите чекори, истиот ги повикува креаторите на политиката да се фокусираат на развојот на човечкиот капитал и да преземат дејства за избегнување на енергетските недостатоци. Исто така, во него се повикува на намалување на трошоците на телекомуникациите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading