Хрватска има големи надежи за Олимпијадата

06/05/2008

Повеќе од 100 хрватски атлетичари ќе се натпреваруваат на Летната олимпијада, при што шанси за освојување медал има во пливање, скок во височина, ракомет и ватерполо.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 06/05/08

photo

Хрватските атлетичари освоија 12 медали на претходните Летни игри. [Архива]

Хрватските атлетичари очекуваат многу од нивното учество на Летната Олимпијада во 2008 година, која ќе започне на 8-ми август во Пекинг. Повеќе од 10.000 атлетичари од 200 земји ќе се натпреваруваат, а хрватската делегација ќе биде бројна, со 100 атлетичари од 15 различни земји. Подготовките се во тек и хрватските тимови се во нивните финални фази на тренинг пред да отпатуваат за Кина.

Хрватска, како независна држава, се натпреваруваше за првпат на Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Оттогаш хрватските атлетичари освоија вкупно 12 медали на Летните игри. Тие се надеваат дека во Пекинг ќе го постигнат својот најголем успех досега.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ рече дека е можно да присуствува на церемонијата на отворање. Очекувањата се големи, бидејќи предолимписките натпревари покажаа дека атлетичарите се во добра физичка форма, фокусирани на освојување највисоки резултати.

Претседателот на хрватскиот олимписки тим, Златко Матеша, е уверен дека атлетичарите ќе го дадат максимумот. Тој очекува тие „да постигнат најдобри лични резултати на Летната Олимпијада во Кина“.

Постојат добри причини за неговиот ентузијазам. Хрватите освоија златен медал во ватерполо на Светското првенство во 2007 година, а националниот тим има за цел да го постигне истиот успех и во Кина. Хрватскиот пливачки тим, пак, неодамна се врати од Светското првенство во Манчестер, Велика Британија, со четири медали. Тие, исто така, се надеваат на четири медали во Пекинг.

Хрватската скокачка во височина Бланка Власиќ, највисокорангирана натпреварувачка во светот во оваа област, исто така, се надева дека ќе донесе златен медал. Хрватскиот ракометен тим, кој освои злато на Игрите во 2004 година, сака истото да го постигне и во Пекинг. Покрај ова, очекувањата се големи и помеѓу тенисерите, кревачите на тегови и браќата Скелин (Никша и Синиша), кои освоија сребро во Атина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading