Од УНМИК побарано да продолжи со заштитата на косовско-српската граница

11/03/2008

Претставниците на ЕУ во понеделникот побараа од УНМИК да го задржи своето присуство долж косовската граница со Србија додека правната и полициската мисија на Унијата не ги преземе овие должности.

(Ројтерс, АФП, ДПА, Балкан инсајт, Б92, веб-страница на словенечкото претседателство на ЕУ - 10/03/08)

photo

Чешките сили во КФОР го чуваат граничниот премин Мердаре помеѓу Косово и Србија, на околу 40 километри од Приштина. ЕУ оваа недела ги повика ОН да ја зајакнат безбедноста во Косово, поради ризикот од поделба. [Getty Images]

ЕУ во понеделникот (10-ти март) го повика УНМИК да обезбеди континуирана заштита на косовската граница со Србија додека правната и полициската мисија на блокот од 27 нации (ЕУЛЕКС), која е во фаза на формирање, не стане целосно оперативна.

Унијата даде финално одобрение за отпочнување на операцијата еден ден пред Косово да прогласи независност од Србија, на 17-ти февруари. Мисијата предводена од ЕУ од околу 2.000 полициски и царински претставници, обвинители и судии, се очекува да ги преземе должностите на УНМИК по средината на јуни.

Словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, чија земја момемтно претседава со ЕУ, во понеделникот истакна дека нема „некој поголем случај на насилство“ по отцепувањето на Косово и во некои места, ситуацијата е подобра од очекуваното. Сепак, ЕУ сака УНМИК да продолжи со заштитата на пограничната зона помеѓу Косово и Србија додека ЕУЛЕКС не ги преземе овие должности.

„Има напади на границата, палење контејнери итн., така што УНМИК има многу важна улога“, рече Рупел на прес-конференцијата по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Рупел додаде: „Ја поддржуваме идејата УНМИК и понатаму да работи на границата помеѓу Србија и Косово и да ја одржува границата во добра состојба.“

Тој, исто така, посочи дека првично предвидените 120 дена транзициски период, по кои ЕУЛЕКС треба да ги преземе надлежностите за полициските работи што ги извршува УНМИК од 1999 година, можно е да бидат продолжени.

„Во минатото ние претпоставувавме дека ќе дојде време кога европската мисија ќе го замени УНМИК“, рече Рупел. „Но, ова ќе потрае, а за транзицијата ќе бидат потребни дополнителни напори.“

Главните задачи на ЕУЛЕКС ќе бидат обука и советување на косовската полиција, правниот и граничниот персонал, како и помагање на најновата европска држава во нејзините напори за градење на институциите. Иако ЕУЛЕКС ќе биде опремен со единици против немири, главната надлежност за справување со потенцијалното насилство и обезбедувањето на стабилноста во Косово и понатаму ќе биде во рацете на КФОР.

Шефот на ЕУЛЕКС, Ив де Кермабон, во понеделникот рече дека група од околу 20 високи припадници на мисијата веќе пристигнале во Косово да го надгледуваат воспоставувањето на операцијата, што ќе се случи по дополнителните консултации со ОН.

„Распоредувањрто започна, првите елементи заминаа минатата недела“, изјави францускиот генерал и поранешен командант на КФОР за АФП, во телефонското интервју од Њујорк.

Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи својата седница за Косово во вторник, на барање на Русија и Србија

Белград ја отфрли декларацијата за независност на Русија, како и мисијата на ЕУ, велејќи дека истите се нелегални. Тој ги повика етничките Срби да ги бојкотираат косовските институции. Неодамнешните инциденти во северниот дел од земјата, каде што доминира српското население, предизвикаа стравувања од, како што го опиша холандскиот министер за надворешни работи, Максим Верхаген, во понеделникот, „блага поделба“ на најновата европска држава.

Соединетите Држави и 18 земји-членки на ЕУ се помеѓу земјите што веќе ја признаа независноста на Косово.

Отфрлајќи ја можноста за какви било разговори за евентуална поделба на земјата по етнички линии, американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Даниел Фрид, за време на посетата на Приштина во петокот рече дека независноста на земјата е факт. „Историјата мора да продолжи“, додаде тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading