Ефикасноста на судството и судската независност најитни прашања за Македонија

13/02/2008

Потребно е да се посвети сериозно и итно внимание на реформите во македонското судство, со цел земјата да ги исполни барањата за влез во ЕУ и НАТО.

Анализа на Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 13/02/08

photo

Членството во ЕУ и НАТО зависи од реформите во судството. [SE Times illustration]

Судските реформи претставуваа голем предизвик со кој Македонија мора да се соочи во своите напори за влез во НАТО и во ЕУ. Две особено проблематични области се ефикасноста на судството и независноста на судскиот систем.

Во Македонија случаите за кои на друго место се потребни максимум шест месеци за да бидат завршени, некогаш се одолговлекуваат и по една деценија. Во меѓувреме, според уставот, судиите ги избира парламентот, со што е оставена можност за директно политичко влијание при нивниот избор.

„Мора да се загарантира самите судии да ги избираат членовите на Државниот судски совет на слободни избори“, вели правниот експерт Рената Дескоска.

„Парламентарните политички партии треба да бидат свесни за значењето на овој процес, не само поради изгледите за евроинтеграција, туку и затоа што Македонците секојдневно се соочуваат со политички зависни судии и неефикасни правни процеси“, вели Дескоска. „Политичките партии треба да ги имаат предвид интересите на граѓаните и треба да постигнат поголем консензус за уставните измени.“

Образованието на луѓето што работат во судскиот систем претставува, исто така, клучен фактор. Како што земјата се движи кон интеграцијата, нејзиното судство ќе биде задолжено да го спроведува европското и меѓународното право. Новоорганизираните судии ќе бидат повикани да изградат поефикасен систем. За да се постигне ова, потребна е соодветна подготвеност.

Според експертите во судовите, реформите ќе бидат многу длабоки. Тие ќе вклучуваат измени во уставното судство, со проширување на неговите функции и надлежности и спроведување на т.н. „уставна жалба“, како финална мерка за поднесување жалба за случаите на суд.

Реформите мора да се спроведуваат брзо, велат експертите. Прозорецот на можности за интеграцијата на Македонија во ЕУ е отворен, но можеби нема да остане отворен засекогаш.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading