30/01/2008
Македонските претпријатија кои не можат да си ги наплатат долговите од клиентите почнаа да ги користат услугите на агенциите за наплата. Но, должниците се жалат на притисок, малтретирање и присилба.
Од Димитар Боцевски за Southeast European Times во Скопје -- 30/01/08
![]() Некои македонски бизнисмени се обраќаат на агенциите за наплата на долговите за да си ги вратат своите пари. [Toмислав Георгиев] |
Поради ноторната неефикасност на судовите и судскиот систем во Македонија, некои фирми бараат помош од агенциите за наплата на долговите кога не можат да си ги наплатат долговите од граѓаните. Иако експертите за законот за сопственост веруваат дека наплатата на долговите е „рекет“ со сомнителен легитимитет и етичност, агенциите тврдат дека се придржуваат на законот за облигациони односи, кој ги регулира прашањата на договорите.
Според претставниците на агенциите за наплата на долговите, во моментот кога еден должник ќе започне телефонски разговор, тој се согласува на преговори. Но, должниците се вознемирени од тактиката на притисок и постојаните повици стратешки темпирани. „Агенците се јавуваат рано наутро за викендите, кога се сигурни дека сме дома, но спиеме“, рече 48-годишниот Благоја Стојановски, женет татко на три деца.
„Тие се претставуваат само со име и ако не сме дома ги прашуваат децата за нашите мобилни телефони. Дури и ги прашуваат каде работиме. Верувам дека тоа е малтретирање на деца и присилно изнудување приватни информации“, рече тој.
Директорот на централната топлификација „Скопје-север“, Драган Меканиџиев, ги користел услугите на агенциите за наплата на долговите кога корисниците не ги плаќале своите сметки. „Ангажиравме две агенции за наплата на долговите за одредени временски периоди и им плативме според постигнатиот успех“, рече тој.
„Добивме жалби од нашите корисници кои должеа пари, но однесувањето на агенциите најверојатно е прифатливо“, рече Меканиџиев. „Не сум целосно запознат со кодексот на однесување на овие агенции, но тие имаат одредена временска рамка кога може да им се јават на должниците и како треба да комуницираат со нив. Верувам дека тие вложуваат максимални напори за добра репутација на својата агенција.“
Правните импликации на ваквите практики остануваат нејасни, бидејќи малтретирањето е казниво по закон. Можеби од поголем интерес за претпријатијата што сакаат да ги користат агенциите е фактот што овие практики имаат спорни резултати.
„Наплатата мора да оди преку законски канали ако долгот не е платен. Тоа е облигационен однос помеѓу должникот и продавачот“, вели професорот на универзитетот Американ колеџ во Скопје, Звонимир Јанкуловски.
„Останува нејасно според кој закон некој може да каже дека против овие граѓани се користи рекетирање“, вели Јанкуловски. „Законската основа за претпријатијата да ангажираат вакви агенции и методот на пресметка на давачките за наплатата е, исто така, нејасен.