Спорот околу Пиранскиот залив ги попречува хрватско-словенечките врски

06/03/2006

Хрватска и Словенија сé уште се борат да постигнат договор во врска со нивната спорна морска граница во Пиранскиот залив. Ако директните разговори не резултираат со договор, прашањето може да заврши пред меѓународниот суд.

Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб -- 06/03/06

photo

„Хрватска мора да најде начин за воспоставување на стабилни и добри односи со Словенија и барањето на меѓународно решение е, најверојатно, единствениот оптимален начин“, рече премиерот Иво Санадер. [Getty Images]

По повеќе од една деценија, Хрватска и Словенија сé уште не можат да го решат нивниот спор во врска со делот од Јадранското Море што ги поврзува двете земји. Морската граница во Пиранскиот залив -- познат како залив Савудрија кај Хрватите -- и понатаму не е дефинирана, и одвреме навреме избиваат расправии во врска со рибарските права.

Проблемот е наследен уште од југословенскиот период, кога морската граница никогаш не беше јасно одбележана. И покрај тоа што хрватските и словенечките водачи потпишаа договор во 2001 година, истиот беше пречекан со неодобрување кај хрватската јавности и никогаш не беше ратификуван од страна на парламентот.

Минатата есен словенечката влада воспостави еколошка зона во близина на крајбрежјето, на што Загеб се спротивстави велејќи дека е нарушен нивниот суверенитет. Според словенечниот премиер Јанез Јанша, неговата земја има право на територијалните води во должина од 12 милји од нејзиното крајбрежје и неограничен пристап до меѓународните води.

Но, Загреб жестоко го отфрли тоа тврдење. „Ние не им дозволуваме на словенечките рибари да ловат риба во хрватскиот дел на Пиранскиот залив“, рече премиерот Иво Санадер, додавајќи дека неговата влада „ќе стори сé за да избегне евентуални инциденти“.

Хрватска вели дека ќе побара меѓународна арбитража или ќе го однесе случајот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг или пред Судот за поморско право во Хамбург.

„Словенија не може да биде непријател на Хрватска, напротив, Словенија е природен сојузник бидејќи и двете излегоа од Југославија. Хрватска мора да најде начин за воспоставување на стабилни и добри односи со Словенија и барањето меѓународни решенија е, најверојатно, единствениот оптимален начин“, рече Санадер.

Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек вели дека двете страни треба да се обидат да постигнат договор преку директни разговори, но ако процесот пропадне треба да побараат меѓународна помош. Прашањето треба да биде решено пред Словенија да го преземе претседателството на ЕУ во 2008 година, вели тој.

Фактот што Словенија е членка на ЕУ и дека Хрватска е кандидатска за членство дава дополнителна димензија на спорот. Под претпоставка дека на Загреб ќе му треба поддршката на неговиот сосед, словенечките претставници посочија дека рибарските права во Пиранскиот залив се поврзани со правилата на ЕУ и ја обвинија Хрватска дека го одолговлекува исполнувањето на барањата на ЕУ во таа област.

„Хрватско-словенечките односи не можат да им штетат на хрватските преговори со ЕУ“, инсистира Санадер.

Во февруари комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, рече дека двете земји, а не Брисел, се тие што треба да го решат прашањето. И покрај тоа што Европската комисија (ЕК) може да помогне во преговарачкиот процес, рече тој, таа нема став за решението и не може да даде оценка за ова прашање.

„Убедени сме дека соодветното функционирање на рибарските режими значително ќе го намали бројот на инцидентите. Сепак, земјите мора да се обидат заеднички да најдат решение“, додаде тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading