13/02/2006
„БХ Ерлијанс“, обновениот авиопревозник на ФБиХ се надева дека ќе си го врати своето место на регионалниот пазар нудејќи ниски цени и висококвалитетни патнички услуги.
Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 13/02/06
![]() „БХ Ерлајнс“ го носи своето ново лого, како и големо знаме на Босна и Херцеговина (БиХ) на своите нови авиони. [Aнтонио Прленда] |
Седум месеци по официјалното повторно отворање на главниот авипревозник во Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ), податоците на претпријатието покажуваат дека авиокомпанијата успешно се врати во служба.
Претходно познато како „Ер Босна“, претпријатието е основано по војната од страна на владата на ФБиХ и сараевското претпријатие „Енергоинвест“, кој го обезбеди неговиот единствен бизнис млазен-авион и неговиот хангар на Сараевскиот меѓународен аеродром. Со долгот од 7 милиони евра, претпријатието банкротираше и ги укина сите летови почнувајќи од септември 2003 година. Претпријатието сега го носи логото „БХ Ерлајнс“, како и големо знаме на Босна и Херцеговина (БиХ) на своите нови авиони. Главниот менаџер, Нуџеим Речица, е отпимист за иднината.
„Со 27.000 превезени патници и 3,25 милиони евра заработка од јули 2005 година, ние успеавме да постигнеме позитивно финансико работење“, рече тој. „Процесот на пререгистрација на претпријатието сé уште не е завршен. Затоа, официјално, ние сé уште го носиме и старото име во нашето целосно име -- „Ер Босна-БХ Ерлајнс“.
Лизингот на двата патнички авиони АТР 72-210 летото 2005 година беше клучен чекор во повторното заживување на претпријатието. Седум екипажи на „БХ Ерлајнс“ -- 15 пилоти и шест техничари -- ја поминаа обуката во седиштето на европскиот мултинационален производител АТР во Тулуз, Франција.
Авионите АТР 72-210 кои се движат со пропелери поседуваат извонредни способности за топли и високи, како и за ниски области. АТР може да превезе 72 патници со оперативни трошоци типични за оние со 50 седишта. Благодарение на својата ниска цена и голема сигурност, авионите АТР одиграа главна улога во развојот на голем број авиокомпании. Надежите за „БХ Ерлајнс“ се исти.
„Нашата омилена рута е Сараево-Истанбул-Сараево, на која летаме секој ден освен сабота“, рече Речица. „Други наши често користени летови се: Цирих, Штудгард, Келн и Измир. Исто така, ние одржуваме редовни врски со локалните босански аеродроми во Мостар и Бања Лука. Изминатото лето организиравме чартер-летови до различни дестинации во Турција, Грција и Тунис, во соработка со туристичките агенции во БиХ.“
Според Речица, исполнетоста на летовите е помеѓу 50 и 60 отсто и тој смета дека тоа може да се подобри. Авиокомпанијата се надева дека ќе си го врати своето местото на регионалниот пазар нудејќи ниски цени и висококвалитетни патнички услуги.
„Нашиот лет за Истанбул е дефинитивно најевтин -- 139 евра плус даноците“, рече тој. „Летовите до Загреб за 45 евра, врз основа на заедничките норми со „Кроација ерлајнс“, исто така, нудат најниски цели до другите европски дестинации.“
Речица очекува слични аранжмани и со „Тркиш ерлајнс“ за дестинации во Австралија, Кина и Средниот Исток. „БХ Ерлајнс“ исто така планира да обезбеди среден млазен авион во блиска иднина за летовите до Скандинавија. За оваа дестинација постои голем интерес поради голема популација босански бегалци што живее таму.
„Бројот на нашите странски патници, исто така, се зголемува. За првпат имаме сериозна поддршка од владата на ФБиХ. Факт е дека локалните власти станаа посвесни оти БиХ мора да има свој национален авиопревозник“, заклучува Речица.