Луксузна потрошувачка во Албанија

14/11/2008

Што се случува кога западните луксузи ќе наидат на балкански плати?

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 14/11/08

photo

„Албанците сакаат да личат на општество кое вреди да се имитира“, вели еден блогер. [Getty Images]

Албанските приходи се далеку под оние во Западна Европа, но тоа не ги спречува многумина да купуваат како да се веќе во ЕУ. Вкусот на нивната земја за модата го надминува економскиот напредок, и не е невообичаено да се видат млади Албанци во спортска облека, придружни детали и ситници што вистински не можат да си ги дозволат.

Пишувајќи на xhaxhai, Елтон гледа на овие појави со одредена збунетост.

„Прашањето е следново: Зошто еден Албанец со просечна плата од 236 евра месечно, троши 118 евра за пар чевли???? Ваквите работи се познати како „трошење за приликата“ и со ова мислиме купување скапи работи од страна на еден потрошувач со ограничен приход, само за да обезбеди одреден статус.“

„Тоа е еден вид реклама од страна на потрошувачот, со цел да му покаже на светот дека е дел од високото општество.“

Она што важи за поединците, важи и за општеството во целина, продолжува блогерот. „Желбата на Албанците да бидат дел од европското семејство е најлесниот начин да се објасни овој феномен од социјална и културна гледна точка, објаснување кое не е претерано ако ја земеме предвид изолираноста на албанската култура.“

„Албанците сакаат да личат на општество кое вреди да се имитира“, заклучува Елтон.

На perpjekja, пак, Фатоси го критикува општеството кое, како што верува тој, сé повеќе ја фаворизира богатата генерација на сметка на другите вредности. Во нивната желба за раст на економијата, пишува Фатоси, политичарите исто така, докажаа дека се подготвени да го жртвуваат природното богатство на земјата.

„Пред неколку денови албанскиот премиер Сали Бериша ја отвори фабриката за цемент во Леже, и според вестите, таа сега ќе произведува 3.000 тони цемент на ден и ќе обезбеди 200 работни места“, изјави тој. „Се планираат вкупно шест вакви фабрики во Албанија, кои ќе произведуваат шестпати повеќе од она што й е потребно на државата, и премиерот одлучи дека цементот ќе се користи за извоз“

„Ова ве тера да се запрашате како е можно за 200 работни места да се уништи природата за 200 години. А што е со ривиерата на Шенѓин која ќе се претвори во складиште на цемент или шумата Краста, која досега беше заштитена, но сега е редефинирана, со владина одлука, само како планина која може да се уништува со цел да се добие цемент?“, прашува блогерот. „Замислете 1.200 сиромашни луѓе кои работат за 150-200 евра на месец со цел да го уништат амбиентот околу нивните домови.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading