12/09/2008
За еден дилер на дрога, што има подобро од работа која носи дипломатски имунитет?
Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 12/09/08
![]() [Getty Images] |
Албанскиот меѓународен имиџ доживеа уште еден удар минатиот месец, кога италијанската полиција заплени еден килограм кокаин во автомобил со дипломатски регистарски таблички. Возач на албанската амбасада, 33-годишниот Арсен Селманлари, го паркирал својот автомобил на недозволено место во Милано, привлекувајќи го вниманието на карабиниерите, кои набргу ја откриле дрогата. Тие го уапсија Селманлари и неговата придружничка.
Пишувајќи на блогот shekulli, Lindita смета дека овој инцидент е најнов во серијата лоши вести, како што се скандалите на трговија со пиштоли и катастрофата во складиштето за муниција во Гердец.
Трговијата со дрога се вмеша во државните институции, коментира Артур. „Овој случај не е единствениот откриен досега“, пишува тој. „За Албанците, стана традиција да се бара вработување во владата за непречено да се тргува со дрога.“
„Лицата на нашата амбасада и луѓето кои работат таму ја претставуваат нашата држава низ целиот свет“, се жали Gjergji laments. „Инцидентот во Рим е втор во кој лица со дипломатски имунитет се уапсени од италијанските власти и не е тешко да се замисли дека нашата амбасада во Италија -- лицето на нашата држава во една од земјите со која ние имаме многу добри односи -- сега ја следи италијанското правосудство.“
„Оваа негативна приказна ќе му наштети на имиџот на Албанија во светот, имиџот на албанската држава и на сите обични Албанци“, се согласува Klaudio. „Светот ќе го промени своето мислење за нас само кога ние ќе се промениме себеси.“
Но, со оглед на актуелниот политички систем, шансите за ваква промена се мали, тврди Antero. „Ако луѓето се согласуваат дека политичките партии се финансирани од нелегални пари, кои можеби дошле од дрога, корупција или шверц, како е можно тоа да се промени“, прашува тој. „Тие не треба да се нарекуваат политички партии, туку банди.“
„Сега е јасно зошто луѓето се заинтересирани за работа во амбасада“, забележува Zamira. „Важно им е да имаат имунитет. Ова е голем срам за Албанија и за нашата дипломатија. Ние сме проверувани на аеродромот во Тирана построго отколку во Франција или Велика Британија и не ни се дозволува да носиме ниту шише вода со нас. Како тие можат да пренесат кокаин во Италија без да им биде запленет?“
Конечно, Emigranti поставува практично прашање. „Се согласувам со другите“, пишува таа. „Нелегалните активности се сега основа за демократијата во Албанија. Но, ако ги немаме нив, како ќе заработуваме за живот?“