Извештаите на ЕК за правосудството, неефикасно дежа ву?

15/08/2008

Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот што го постигна романскиот правен сектор повикува на искоренување на корупцијата на високо ниво. Но, блогерите се прашуваат дали се овие извештаи навистина ефикасни?

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 15/08/08

photo

ЕК вели дека ќе продолжи да го следи романскиот судски систем. [Габриел Петерску]

Најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за Романија, објавен на крајот од минатиот месец ги охрабрува властите да ги интензивираат своите напори за борба против корупцијата. Извештајот истакнува дека Романија ги поставила сите ги поставила сите основни елементи на функционирачкиот систем, но основата е кревка. ЕК вели дека ќе продолжи да го следи судскиот систем на Романија и антикорупциските напори.

„Медиумите го чекаа како тазе леб, жедни да го растргаат од сé срце. Политичарите го сакаат Ураганот Доли. Граѓаните сакаат игра во која [можат да кажат] „Ти реков“. Ова е славниот извештај на ЕК за кој сите зборуваат деновиве, извештај кој не носи ништо ново“, вели Rafaela More на нејзиниот блог „Извештајот на ЕК, ништо ниво под сонцето“.

Demostene е на исто мислење. „ЕУ го одбира полесниот пат. Се надева дека овие повторени критики ќе придонесат за некои промени на политичката сцена во Букурешт. Се сомневам дека нешто вакво ќе профункционира кога и да е“, пишува тој. „По секој извештај некои се чувствуваат принудени да го подигнат својот глас заради Брисел, по што работите се враќаат во нормала. На Букурешт, најверојатно, му е здодеан јазикот што го користат Европејците.“

„Шшш! Тишина! Зад затворени врати се води антикорупциска борба“, пишува саркастично Alandra на нејзиниот блог. „ЦСМ (Судскиот врховен совет) ќе испрати известувања до сите судови во земјата, во кои ќе ги обврзе да ги затворат старите досиеја додека не излезе следниот извештај, и ние ќе добиеме некои брошури во кои ќе не уверуваат дека работат за нашето добро“, вели таа.

„Бидејќи борбата против корупцијата е само на хартија, најголеми виновници се само осомничените, но не и осудените. Европските извршители одлучија, парадоксално, да ја следат -- нешто на што веќе сме навикнати -- и поддржуваат Романија во нејзиниот реформски процес бидејќи ... народот губи доверба во почитувањето на законите и владеењето на правото. Всушност, тој одамна ја загуби [таа доверба]“, вели Antonio Momoc на блогот RadioLynx politics.

„Овие извештаи се банални колку и смената на сезоните. Знаеме дека некаде, некогаш, нешто ќе се случи и чекаме да се случи. Се прашувам, колку време ова ќе функционира. ЕК мора еден ден да не извади од оваа зашеметеност, вели Mardare, приклучувајќи се на дебатата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading