Босна и Херцеговина: Движење кон Европа?

20/06/2008

Голем број блогери од БиХ пишуваат дека со неодамнешното потпишување на ДСА, БиХ има многу што да очекува. Други, пак, се повнимателни, предупредувајќи дека ќе треба време за да се случат позитивни промени.

Од Жељана Грубишиќ за Southeast European Times -- 20/06/08

photo

„Од нас ќе зависи дали ќе функционира овој договор, како и сé што е поврзано со надворешната политика на БиХ“, пишува членот на претседателството на БиХ Жељко Комшиќ на својот блог. [Getty Images]

Претходно оваа недела на церемонијата во Луксембург, Босна и Херцеговина (БиХ) го потпиша долгоочекуваниот Договор за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Со договорот, кој стапува на сила на 1-ви јули, се воведуваат нови царински давачки и квоти, иако конкретното членство во ЕУ можеби е далечно за БиХ. Блогерите пишуваат за своите размислувања во врска со новата реалност во нивната земја.

Членот на претседателството на БиХ Zeljko Komsic, во својот блог ги образложува импликациите на новиот договор за БиХ. Комшиќ истакнува дека ДСА претставува првенствено економски договор, кој ќе донесе потреба и за политички реформи.

„Договорот има 1.000 страници. Околу 10 отсто од него се текстуални и нормативни регулативи. Остатокот претставува, претежно, листа на производи што се увезуваат од ЕУ, за кои даноците ќе паднат за 50 отсто откако ДСА ќе влезе во сила или целосно ќе исчезнат од 2009 или 2010 година.“

Комшиќ истакнува дека од позитивната страна „БиХ ќе може да извезува стоки во ЕУ, иако тие мора да ги исполнуваат стандардите ... на производите што се наоѓаат на пазарот на ЕУ. „Од нас зависи дали ќе функционира овој договор, како и сé што е поврзано со надворешната политика на БиХ.“

За разлика од тоа, Haler предупредува дека: „Сите политички партии и институции мора ... да вложат напори за да ги исполнат условите на ЕУ.“ Тој предлага: „Провокативната реторика помеѓу политичките партии, која води до омраза и поделба на БиХ мора да престане ... Ни треба нов устав.“

„Јас како потрошувач треба да сум среќен. Но, зошто? Работам во една од оние претпријатија кои се соочуваат со жестока борба со [странската] конкуренција“, тажно заклучува edona.

Сепак, muskoz изразува надеж, велејќи: „Да бидеме сите подготвени за дејствување и да бидеме трпеливи, и ќе дојдат добри резултати“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading