Локалните жители на Тирана го блокираа новиот пат

21/12/2007

Граѓаните на една населба во албанскиот главен град се спротивставија на подобрувањата на инфраструктурата што ќе минува низ нивните имоти. Дали се тие оправдани?
photo

[Getty Images]

Имотните права, политичката партија основана од новинар и лошиот третмат на странските аеродроми се помеѓу темите за кои размислуваа албанските блогери оваа недела.

Пишувајќи на peshkupauje, Бленди ги критикува жителите на една населба во Тирана, кои ги блокираа инфраструктурните проекти што ги преминуваат границите на нивните имоти.

„Нормално е тие што имаат деца да сакаат и пат за тие да одат на училиште, за да стигнат брзо на лекар и да одат в град“, пишува тој. Жителите „знаат дека овие бенефиции на патот се повредни од илјадници градини“, а сепак „интервенцијата на државата, дури и за новиот пат, им се чини загрозувачка“.

Ваквата непослушност крие гнасна тајна, посочува Blendi. „Тие не се законски сопственици. Со нивната непослушност, тие се надеваат дека ќе го прикријат фактот дека граделе на земјиште што не било нивно.“

Законот треба да се применува цврсто, коментира Перпарими, велејќи дека во спротивно, „ќе сторат сé што можат за да го прошират својот имот дури и со поместување на оградата“.

На shekulli, Гезими е загрижен за новата партија што ја формираа новинарите кои велат дека не се почитуваат нивните права. Премиерот Сали Бериша ја призна новата партија, додека Гезими се прашува дали е добра идеја да се избришат границите помеѓу медиумите и политиката.

„Дали е во ред новинарите да формираат политичка партија?“, прашува тој. „Новинарите, о г-дине премиер, создаваат новинарски натписи, а не политички партии. И како можеме сега да говориме за новинари кои се цензурираат од сите сопственици во исто време? Во Тирана има доволно весници и телевизиски канали за секој кој објавува во еден весник да најде место во друг што има целосно различен менталитет. Дури и ако не најде место во тие два, има уште најмалку други 100 на листата.“

Dino Dima коментира: „Што се овие глупости што слушаме за новинарите? Кој е новинарот што го дал овој интелигентен предлог? Ако е новинар, со оваа идеја ќе го загуби најважниот дар -- политичката независност.“

Конечно оваа недела, Фатос пишува на perpjekja за проблемите со кои се соочуваат Албанците на странските аеродроми.

„Пред неколку дена протестирав пред италијанската полиција за дискриминација. Додека патниците што патуваа за другите европски градови поминуваа без никакво вознемирување, оние што патуваа за Тирана беа запирани од страна на цариник и откако тој ќе ги испрашаше, беа испраќани во соба каде што беа физички проверувани за пари.“

„Цариникот ми одговори: Што можеме да правиме ние? Твоите сонародници ги прават овие работи и не принудуваат да постапуваме вака.“

„Морав да му кажам една стара римска поговорка -- Подобро е да се поштедат 100 невини луѓе отколку да се казни еден невин човек -- му реков. „Казнувате секој ден стотици невини луѓе за да добиете еден виновен.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading