![]() Во Истанбул во неделата, членовите на турската почесна гарда носат ковчези обвиткани со знамиња на двајца војници. Петнаесет војници загинаа, а 20 беа ранети во судирите во петокот со бунтовниците на ПКК во југоисточна Турција. [Getty Images] |
06/10/2008
06/10/2008

Во неделата се одржаа локални избори за градоначалници и членови на градските совети на Босна и Херцеговина. Набљудувачите велат дека гласачите претежно ја следеле етничката лојалност.
06/10/2008

Политичките партии во Македонија повторно разговараат за измените во изборниот законик. Најконтроверзни се предлозите за загарантирана квотата за пратеници од етничките малцинства и гласачките права за дијаспората.
03/10/2008

Многу Турци велат дека им е доста од ограничувањата на стотици интернет страници, вклучително и YouTube, WordPress.com, Google Groups, и во поново време, веб-страницата на истакнатиот британски автор Ричард Докинс.
06/10/2008

Шестото издание на „Мајкрософт вижн“ се одржа во Скопје. Исто така во вестите од науката и технологијата оваа недела: виртуелна тура на истанбулската Соба на светите реликвии во Палатата Топкапи поставена онлајн и археолозите открија античка грчка порта.
06/10/2008

Државните обвинители покренаа истрага откако тринаесет новороденчиња умреа во рок од 24 часа во една државна болница во Измир. Дваесет и седум бебиња умреа минатиот месец во друга болница во Анкара. Министерството за здравство вели дека инфекциите се случуваат и во најразвиените земји, но синдикатот на докторите за смртта на новороденчињата го обвинува се полошиот здравствен систем.