SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/roundup/2008/03/21/roundup-bs-04

Бизнис: Меѓународен саем на мебел во Скопје

21/03/2008

Мебел од целиот свет е изложен во македонскиот главен град. Исто така во вестите оваа недела: Единствената нафтена рафинерија во БиХ претрпе загуби во 2007 година и странски конзорциум ќе изгради мост на реката Сава во Белград.
photo

Околу 400 претпријатија за мебел се собраа во Скопје за да ги изложат своите производи. [Getty Images]

Скопје е домаќин на шестдневниот Меѓународен саем за мебел, кој започна во петокот (21-ви март). Саемот привлече 400 претпријатија, вклучително и 260 странски производители на мебел.

***

Единствената нафтена рафинерија во Босна и Херцеговина (БиХ), Босански брод, во понеделникот (17-ти март) објави дека ја заврши минатата година со загуба од 33 милиони евра. Претпријатието генерираше 10,7 милиони евра приход, додека трошоците й достигнаа 72 милиони евра. Рафинеријата се очекува значително да ги подобри своите остварувања оваа година, поради приватизацијата и влезот на својот стратешки партнер, руски „Нефтегазинкор“.

***

Конзорциумот предводен од австриското претпријатие ПОРР Технобау унд Умвелт ќе изгради мост на реката Сава во Белград за 118,6 милиони евра, објави во вторникот (18-ти март) белградскиот градежен директорат. Скоро 70 милиони евра ќе бидат обезбедени од страна на Европската банка за реконструкција и развој, додека остатокот ќе биде платен од градот Белград и Европската агенција за реконструкција.

***

Романскиот Директорат за борба против корупцијата (ДНА) започна истрага за земјишната трансакција извршена од страна на Нокиа во Јуцу, округот Клуј. ДНА објави дека истрагата има за цел да утврди дали имало злоупотреби во врска со трансакцијата на земјиштето, но нема да го покрие договорот помеѓу Нокиа и локалниот совет.

***

Најголемото претпријатие за телекомуникации во Европа, германски Дојче телеком, се согласи да купи 20 отсто од грчкото претпријатие за телекомуникации, ОТЕ, за 2,5 милијарди евра. Дојче телеком ќе плати 26 евра за секоја акција на ОТЕ во својата иницијатива, што ќе ги прошири нејзините операции во Грција и Југоисточна Европа. Договорот ќе биде одобрен од страна на грчката влада, која е главен акционер во ОТЕ.

***

Хрватското градежно претпријатие Институт граџевинарства Хрватске потпиша договор за партнерство со бугарски Гастројмонтај. Претпријатието планира да стане водечки играч во цивилниот инженеринг во Бугарија и ќе учествува на тендерите за проектите за изградба на инфраструктура вредни 380 милиони евра, кои вклучуваат и автопати и водоводи.

(Разни извори – 14/03/08-21/03/08)