SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/roundup/2008/03/19/roundup-cl-03

Култура и спорт: Во Македонија се одржа фестивал на пантомимичари

19/03/2008

Повеќе од 40.000 учесници присуствуваа на овогодинешниот настан во Струмица. Исто така во вестите од културата и спортот: Меѓународен фестивал на подводен филм и фотографија ќе се одржи во Панчево, Србија.
photo

Пантомимичарите ги наполнија улиците на Струмица за време на традиционалниот фестивал. [Getty Images]

Годинешниот Фестивал на пантомимичари се одржа во Струмица, Maкедонијa во средата (12-ти март). Настанот има едновековна традиција и е единствен фестивал од ваков вид во Македонија. Оваа година истиот привлече повеќе од 40.000 учесници, кои излегоа на улиците на Струмица облечени во разнобојни костуми, играјќи на традиционалната народна музика.

***

Учесници од Русија, САД, Полска, Франција, Германија, Унгарија, Канада и Србијa ќе присуствуваат на Меѓународниот фестивал на подводен филм и фотографија во Панчево, Србија. Дводневниот настан започна во саботата (22-ри март) по повод Меѓународниот ден на водата.

***

Повеќе од 60 тенисери од 30 земји учествуваат на АТП турнирот „БиХ Телеком затворено - Сараево 2008“, кој започна во саботата (15-ти март). Триесет и двајца влегоа во финалните натпревари, кои започнаа во понеделникот. Земјата-домаќин, Босна и Херцеговина, ја претставуваат Алдин Ситкиќ и Мирза Башиќ.

***

Грчкиот министер за култура, Михалис Лиапсис, во средата (12-ти март) ја отвори изложбата на грчка уметност, насловена како „Од земјата на лавиринтите -- Минејски Крит, 3000-1100 п.н.е“ во Културниот центар Оназис во Њујорк. Лиапсис се сретна со членовите на грчката заедница во САД.

***

Романскиот претседател Трајан Башеску во саботата (15-ти март) постхумано го награди актерот Овидиу Јулиу Молдован со орденот Ѕвезда на Романија. Молдован (66) беше популарен во Романија со својата театарска и филмска дејност. Тој почина од рак во средата (12-ти март).

***

Aтина беше домаќин на дводневната Меѓународна конференција на УНЕСКО која започна во понеделникот (17-ти март). Форумот, организиран заеднички од страна на УНЕСКО и Министерството за култура, се фокусираше на враќањето на културните реликти во нивните земји на потекло.

(Разни извори – 12/03/08-19/03/08)