07/05/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Хрватска го заврши првиот круг од своите разговори за пристап во НАТО, во средата (7-ми мај), нешто повеќе од две недели откако ги започна. Вториот и последен круг разговори ќе се фокусира на финансиските, одбранбените и правните прашања и ќе биде, исто така, насочен кон одредување на сумата што Хрватска ќе ја дава во заедничкиот буџет на НАТО. Придонесот на секоја членка се базира на нејзината економска моќ, и генерално изнесува до околу 0,5 отсто од нивниот воен буџет. Алијансата потоа подготвува протокол за пристапот, кој треба да биде потпишан во јули. Со ова Хрватска се очекува да учествува на следниот самит на НАТО на пролет 2009 година како полноправна членка. (ХРТ, Макфакс, Вјесник, ХИНA - 07/05/08)