06/05/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Српскиот претседател Борис Тадиќ добива смртни закани, објави во понеделникот (5-ти мај) весникот Блиц. Во натписот се вели дека заканите значително се интензивирале по прогласувањето независност од страна на Косово во февруари и одлуката на Тадиќ да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ минатата недела. Според Блиц, писмата пристигнале од Чикаго, од каде потекнуваат и другите заканувачки писма што досега ги добивале српските министри и судски претставници.
Српскиот јавен обвинител потврди дека е свесен за ситуацијата и рече дека прави сé што е во негова законска моќ да го заштити претседателот и да ги пронајде оние што ги испраќаат заканите. (Блиц - 06/05/08; Бета, Б92, РТС, Ројтерс, АП - 05/05/08)