04/05/2008
AНКАРА, Турција -- Армијата во саботата (3-ти мај) објави дека повеќе од 150 курдски милитанти загинале за време на воздушните напади во северен Ирак. Генералштабот објави дека операцијата, која беше спроведена во четвртокот и петокот во близина на планината Ќандил, била насочена против базите на Курдистанската работничка партија (ПКК). Но, портпаролот на ПКК, Ахмед Данес, во саботата рече дека само шест лица загинале во операцијата, и дека сите биле од различна курдска франција. (AП, РИА Новости, ББС - 03/05/08)